Ако власта ги слушаше советите и предлозите на Kомората и бизнисмените, Македонија во изминатиот период ќе беше високо развиена земја

Ако власта ги слушаше советите и предлозите на Kомората и бизнисмените, Македонија во изминатиот период ќе беше високо развиена земја

Ако власта слушаше, Македонија досега ќе беше економски високо развиена земја. Стопанската Комора прстот го вперува кон политичарите кои, според бизнисмените, досега не направиле доволно за развој на стопанството.

„Сите ние знаеме дека овие стапки на раст кои што ги испорачува македонската економија во последните 15, 20 години не се доволни за посериозна конвергенција или приближување до нивото на економска развиеност на Европската унија“, рече професор доктор Дарко Лазаров член на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Првиот човек на СКМ, Бранко Азески, порача дека времето на популизам, лажно партнерство и партизација треба да заврши.

„Без воведување на правна држава без профункционирање на правна држава, нема ништо од бизнисот. Ветувале брди долни, ништо не ветија. Таа политика што ја промовира држвата односно владата е во спротивност со интересите на најголем дел од бизнисите и граѓаните. Го повикуваме претседателот на државата да ги користи уставните овластувања и да не потпишува закони што се во спротивност на интересот на бизнисот. Да водиме контрола за трошењето на буџетските средства онака како што сме се договориле, транспарентното да ги изнесуваме“, рече Азевски.

Стопанската Комора излезе со предлози за економски развој за наредните десет години – бараат намалување на администрацијата преку мораториум за нови вработувања, кратење на бројот на државни институции кој сега достигнува речиси 1.400, кастрење на непродуктивните трошоци од државниот буџет, реформа на правосудството со која тоа конечно ќе стане независно.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста