Ахмети го издаде Заев: Промена на химната, знамето и грбот може да се заврши во секој момент

Името го сменивме, за историјата преговараме, ќе ја смениме ли и химната на Македонија? Лидерот на интегративците, Ахмети откри дека со лидерот на СДСМ и коалиционен партнер Зоран Заев на маса веќе ги ставиле знамето и грбот на Македонија, а нова химна е само прашање на време.

Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви, истакнал Ахмети во интервју на ТВ Клан.

Прашавме во Влада, дали е навистина е можно да се смени химната, оти многупати токму оваа влада на чело со Заев рече дека химната нема да се чепка, но одговор до овие вести не добивме.

Во 2018тата година премиерот кога агитираше за промена на името како дел од Преспанскиот договор рече знамето, химната и грбот нема да се сменат. Објавуваше и видеа со тоа ветување.

Прашањето за химната се особено се  актуелизираше во последните години кога Македонија преговараше со Грција. При првата официјална посета на тогашниот грчки премиер Ципрас на Скопје, македонската химна не беше интонирана, од владата тогаш се правдаа во интерес на времето не се пуштиле химните. И тогаш убедуваа дека химната останува иста и нема никаква шанса да биде променета. И тогаш, но и сега се погласни се шпекулациите дека химната ќе биде само инструментална, а текстот нема да постои, практично имињата на Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандаски веќе нема да постојат во македоснакта свечена песна како симбол на државно единство.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста