Лотарија со хронично болните?

Со месеци, хронично болните живеат од ден за ден во страв дали ќе го добијат смртоносниот вирус. Сите живееме со тоа, но за нив особено е опасно. Билјана Рогожарска од иницијативата за поддршка на хронично болните за Алфа, се жали дека голем број на пацинетите со хронични заболувања мака мачат со лутање низ болничките лавиринти за да добијат продолжено боледување, изложувајќи се на дополнителни ризици. Иако одамна добиле ветување од министерот Филипче дека ќе се олеснат правилниците, тоа досега не е направено.

“Прво утврди дека има административни пречки околу правилниците околу ФЗОМ потоа, при нашето слушање рече дека ќе напрви се тоа побрзо да се реши.Потоа одговри на новинарско прашање дека биле сменети работите. Ние имаме сознание дека уште ништо не е сменето. .Јас одговорно тврдам имам и сведоштва од нашите челнови дека тоа во пракса не е така ем се шетаат ем им се укинуваат боледувањата без разлика што специјалистот дал препорака.” – изјави за Алфа, Билјана Рогожарска.

За разлика од информациите на хронично болните дека нема никакви измени во правилникот, ресорниот министер уверува дека промените што се побарани се направени.

“Дел од правилниците се веќе променети . Значајно е олеснет пристапот до документацијата.Но, има барање не само затоа што веќе го средивме.Но и за промена на концептот и укажано е зошто овој концепт е навистина добар, да навистина направи проценка лекар специјалист дали е пацинет со хронично заболување и треба или не треба да биде дома и да отсуствува од работа.” – вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Со оглед на тоа што ваквиот правилник е во надлежност на Фондот за здравствено осигурување Алфа побара одговор за измените, но до почетокот на вестите, одговор не добивме. Здржението на хронични болни бараат итно  да се изнајде некој модус, да не мора да се шетаат низ здравствениот лавиринт, да не бидат платени 100 % боледувањата и да не се опфатени само оние со влошена состојба, туку сите хронично болни. Свесни се дека имало злоупотреби. Хронично болните пак упатуваат дека тоа лесно може да се исконтролира преку матичните лекари.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста