Дали кластерот Штип ги даде првите резултати: Николовски позитивен на ковид-19

Вицепремиерот Љупчо Николовски предмалку соопшти дека е позитивен на коронавирусот.

Неговиот позитивен тест доаѓа шест дена по одржувањето на вонредните локални избори во Штип, кои тој ги оцени како „безбедни по здравјето“.

Опозицијата постојано алармираше дека е ризично да се одржуваат избори во ова време.

Николовски беше дел од прес-конференцијата на која без маска, во затворена просторија, се обрати пред симпатизерите на СДСМ кои ја славеа победата на кандидатот д-р Сашко Николов. Ова славје продолжи и со симболично оро внатре во салата, на кое се фатија тој, премиерот Зоран Заев, министерот Благој Бочварски и Николов.

Славење имаше и на плоштадот во центарот на градот, каде за новиот градоначалник засвири и труба, а подоцна, функционерите на СДСМ продолжија со забавата во локален објект, каде спротивно на мерките, останаа до доцна во ноќта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста