Mицкоски алармира дека Заев во Софија потпишува предавство

Зоран Заев да не се дрзнува да потпише предавство оти ќе одговара за велепредавство. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупредува од погубно сценарио кое викендов се спроведува во Софија. Јавно го предупреди македонскиот народ за она што го готви власта и побара општа мобилизација за одбрана на македонските национални интереси.

  • Денес навестувам дека Зоран Заев подготвува национален пораз, но од секој од нас зависи дали тоа ќе го промениме. Јас како човек и поединец можам да направам многу работи, но сите заедно, сплотени еден до друг можеме да направиме сè. И за оваа битка драги пријатели потребен е народ. Младо и старо, машко и женско треба да се одважи и да се спротивстави, порача претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека ова се деновите кога народот треба да излезе и да го каже звојот став.
  • Сето она што го кажа во интервјуто за бугарскиот медиум, ретуширање на историјата, откажување од слободарското антифашистичко наследство, од правото на македонско малцинство, од нашите херои, се работи на кои претходно предупредив дека Зоран Заев кога бил опозиционер ги ветил на соседна Софија. Но тогаш како и секогаш претходно кога предупредував на ова, на големите порази кои ги навестуваше Заев, тие одговараа дека тоа не било ништо друго освен во главата на вмровците, кажа Мицкоски.

Мицкоски го повика Заев да си поднесе оставка, а како единствено решение за спас на она што може да спаси во моментов е формирање на влада за нациоанлен спас. Им порача на властите во Софија дека се излажале ако мислат дека со квинслишка власт ќе го остварат она што наумиле.

  • Ако мислите дека измисливте, пронајдовте и поддржавте квинслинг и квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете. Ниту тој квинслинг ниту оваа квилнслиншка влада од нашата колективна меморија, од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, Хаџи Николов, Поп Арсов, затоа што тие се бореа за нова, современа македонска држава. Оваа порака ја упатувам до политичарите кај нашиот источен сосед, рече Мицкоски повикувајќи ги при првата посета на Скопје, пред споменикот на паднатите борци од народно ослободителната борба, да, како што рече, клекнат и се извинат на македонскиот народ за тоа што му го направиле.

До меѓународната заедница, тој упати порака да му се дозволи на нашиот народ да отпочне преговори со ЕУ, а народот, како што нагласи, ќе им врати со сето срце и знаење кое го има и ќе го изоди најбрзиот пат до полноправно членство во ЕУ.

  • Немојте да дозволите некои политичари од земја членка наместо политики на иднина, да шират политики од средниот век, ревизионистички политики, хегемонски политики на големи држави и нации. Ајде да зборуваме за вештачка интелигенција, да зборуваме за почист воздух, да зборуваме и да му помогнеме на овој народ, да и помогнеме на Македонија еден ден да седне со вас на маса во европското семејство во обединета Европа и да зборуваме за квалитет на образование, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ испрати и порака до меѓународната заедница дека ова што се случува е недозволиво. Побара поддршка за да покажеме како достоинствено, со знаење, умешност и посветеност можеме да го изодиме патот кон Евроопската унија

Доста беше со предавство и распродажба на Македонија и се што е македонско. Проблемот е само дома. Не е ниту во Бугарија, ниту во Грција, ниту во ЕУ, туку проблемот Зоран Заев кој оди контра нас, рече Живко Јанкулоски од ПОДЕМ.

  • Мораме да се обединиме и ништо друго не ни преостанува. Во интерес на сите без разлика на вера, партија, сите кои што си ја сакаме Македонија, е обединети да го запреме ова зло во неговата намера за предавство и распродажба на Македонија и се што е македонско, рече Јанкуловски.
  • Ова што денес го прави е само еден свршен чин на неговото ветување, а не смееме да заборавиме што сѐ претходеше, туку мораме одвреме навреме и да се потсетуваме. Во изминатите четири години негово и нивно владеење се случи потпишување на Преспанскиот договор со кој го сменија името, го поткопаа јазикот и идентитетот, се откажаа од македонското малцинство и избришаа се што е македонско за да сега ни дојде ова што сега ни доаѓа. Го сменија Уставот наспроти волјата на народот искажана на референдум, ја уништија економијата, го осиромашија народот, ја задолжија Македонија со над 62%, додава Јанкуловски.

Денеска улиците на главниот град беа преполни со возила кои од СЦ „Борис Трајковски“ во Карпош и СЦ „Јане Сандански“ дефилираа и бараа оставка од премиерот. ВМРО ДПМНЕ најави дека наредната недела ќе го постави прашањето за одговорност на владата и во парламентот. Граѓанските протести ќе продолжат и во наредните деноцви.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста