Унгарија ќе започне со регистрација преку интернет за вакцина за коронавирус

Регистрацијата преку Интернет за вакцината за коронавирус во Унгарија  се очекува да започне следната недела. Таа ќе послужи  и како индикатор за побарувачка откако ќе биде јавно достапна.

Протоколите беа изготвени пред неколку недели, со дизајнирање на 13.000 места за доброволно вакцинирање и наведување кои групи, како што се работниците од фронтот и ранливите, треба да имаат приоритет, рече Орбан.

Премиерот на Унгарија рече дека се спасувале животи во болници, додека училиштата заштедувале работни места, бидејќи ако децата не можат да одат на училиште, нивните родители не можат да одат на работа.  Тој дополни дека владата ќе донесе одлука во следните 8-10 дена за правилата што треба да се следат за време на Божиќ и Нова година.

Премиерот истакна дека се поголем број луѓе се во болница и ги предупреди граѓаните да бидат будни, и апелираше до Унгарците да не резервираат скијачки одмори во странство.

Маја Терзиова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста