Се апсат бизнисмени, инспектори, функционери на ДУИ…

Утринава полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, при што веќе има приведени повеќе лица – бизнисмени, инспектори, меѓу кои и функционери на ДУИ.

Со оглед на професиите на лицата кои се апсат, очигледно станува збор за криминални дејствија поврзани со даночни проневери и перење пари.

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси во координација со ОЈО ГОКК, а за детали околу кривичните дела на оваа организирана криминална група и приведените лица ќе информираат во текот на денот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста