НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пробале да разнесат банкомат со експлозив, но не стигнале до парите – неуспешен обид за грабеж во Bутел

Разнеле банкомат со експлозив, но пари не зеле – неуспешен обид за грабеж во скопски Бутел.

Според последните информации утрово четири лица, поставиле експлозивна направа, го оштетиле банкоматот на НЛБ банката, меѓутоа не успеале да стигнат до парите, по што избегале. Од експлозијата три возила кои биле паркирани во близина на банкоматот се оштетени, но, за среќа нема повредени и жртви. инцидентот се случил кај „алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот.