Граѓаните се жалат дека не можат да кренат глава од проблеми

Рејтингот на владејачката СДСМ вртоглаво паѓа, доказ се и последните низа на анкети кои покажуваат дека народот веќе не му верува на Ковачевски и на неговите политики. Последната анкета на НДИ, покажува дека расте довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, а опаѓа на СДСМ, како причина граѓаните ги наведуваат огромните трошоци за живот, скапата храна, проблемите со Бугарија, но и зголемувањето на платите на функционерите додека како што велат анкетираните, народот гладува.

Болна тема за граѓаните е и корупцијата, како и проблемите во правосудството, но сепак најмногу ги боли што одвај врзуваат да издржат до крајот на месецот, велат мали ни се пензиите, а големи давачките.

Според анкетата на НДИ, високата инфлација е најголем проблем за граѓаните, а над половина од нив сметаат дека државата оди во погрешна насока.

Дури 58% од испитаниците се многу загрижени за намалениот животен стандард, ниските плати и пензии. 4 од 10 испитаници најмногу пари од семејниот буџет трошат на храна, а речиси половина од македонските граѓани не можат да ги подмират сметките.

Вината за овие проблеми граѓаните ја гледаат во Владата. Затоа ако утре се одржат избори над 70 проценти од граѓаните ќе излезат на гласање, од нив 21,5% ќе ги поддржат ВМРО-ДПМНЕ, 13,9% СДСМ, стои во анкетата на институтот.

Слични бројки за доверба на политичките партии, излегоа и од  анкетата на ИПИС, во која исто така испитаниците повеќе доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ отколку во СДСМ, а лидерот на опозицијата, Мицкоски, според анкетата на ИПИС ужива безмалку трипати поголема поддршка од премиерот Ковачевски.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста