53 ученици и 8 наставници во изолација од пoчетокот на учебната година

Воспитувачка во скопската градинка „Орце Николов“ во населба Карпош 2 е заразена од Ковид 19. Дознава Алфа.

Оваа информација за која се алармира од утрината била причина за цела група дечиња на возраст од 4 и 5 години да биде испратена во изолација. Алфа од уртринава бара одговор од надлежните во оваа обнразовна институција, но оттаму се уште нема повратен одговор, ниту потврда, но ниту демант на информацијата. Во меѓувреме официјално е потврдено дека уште 22 првачиња распоредени во две паралелки основно училиште „Гоце Делчев“ во скопски Центар се во изолација.

Мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на корона вирусот, и не одела на работа, сепак детето го носела на настава, информираат од општината. Вчера 17 првачиња останаа дома откако нивната наставничка доби позитивен тест на корона вирус во истото училиште.

Наставничката, која последно настава држела во петокот, е во добра состојба и предава онлајн. Во истото училиште, „Гоце Делчев“ во скопски Центар, има уште една наставничка сомнителна на корона вирусот и таа е во изолација. Наставничката вирусот го добила од нејзниот син . Втората наставничка пак која е сомнителна на вирусот, ќе се тестира во сабота. Доколку резултатот е позитивен и нејзиното одделение ќе биде ставено во 14-дневна самоизолација во понеделник.

Дополнително од синоќа во изолација се 10 ученици од второ одделение во ОУ „Кочо Рацин” во Општина Радовиш, откако нивен соученик е позитивен на Ковид-19. Има уште три деца позитивни на вирусот , едно во тетовското училиште ОУ „Адрија Савески Ќиќиш“, едно дете во ОУ „Ванчо Прке“ од Штип, и едно во „Кирил и Методиј“ – Кочани. Од МОН информираат дека од стартот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста