150 вработени во „Алкалоид“ даруваат крв – Крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителство

На светскиот ден на крводарителството, „Алкалоид“ – Скопје организираше крводарителска акција на вработените во компанијата.

Во акцијата „ Дарувај крв – спаси живот “, 150 вработени го искажаа својот хуман гест на доброволно дарување крв. Од компанијата соопштија дека како општествено одговорни постојано тежнејат кон поздрав свет и кон супериорен квалитет на производите и на услугите, a чиј императив се грижата за здравјето и заштитата на секој човек, високо позиционирани во корпоративната деловна стратегија. Со организирањето крводарителски акции компанијата уште еднаш ги истакна својата заложба за хумано однесување и општествена одговорност на своите вработени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста