10 министри Албанци, седум Македонци: Како ќе изгледа новата Влада со Алијанса на Таравари?!

10 министри Албанци, седум Македонци. Вака ќе изгледа новиот владин состав ако се договорат Ковачевски и Таравари. Според она што е познато кај Алијанса треба да завршат правда и здравство, едното каде министерува Никола Тупанчевски, другото каде шеф е Беким Сали од Алтернатива. Со тоа албанскиот политичк блок би добил еден министер повеќе, а македонскиот еден помалку.

Дека влезот на Таравари е реален можеме да заклучиме и од изјавите на премиерот Ковачевски, кој потврди дека утре ќе се сретне со првиот човек на Алијанса, а една од темите ќе биде и нивниот влез во Владата.

-Утре ќе имаме состанок со господинот Таравари на кој што ќе разговараме повторно за напредокот од последниот пат кога сме се виделе, меѓутоа ќе разговараме исто и за можна соработка и ќе разговараме за законски и програмски решенија кои што можат да го унапредат капацитетот на државата, изјави Ковачевски.

Таравари веќе кажа дека добиле поддршка од централното претседателство на партијата да разговараат за соработка со СДСМ и ДУИ. Евентуален влез на Алијанса би можело да значи излегување на Алтернатива. Во тој случај Таравари би ги добил и нивните минстерски и директорски позиции.

-Централното претседателство не овласти тесното раководство на Алијанса за Албанците да започне преговори, да разговара со партиите во власта и во најблизок можен рок да донесе констатација која што треба да ја констатира пред централното претседателство во наредниот период.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Таравари е смешен кога се обидува да се оправда себе си и желбата за гола власт и функции. Портпаролот на опозициската партија Наум Стоилковски, вели Вмро-ДПМНЕ била реформирана кога тој молел за гласови во Гостивар, а сега тоа се сменило.

Најновите математики покажуваат дека влезот на Алијанса ќе значи дека Албанците ќе имаат три министерства повеќе од Македонците, дел од нив и клучни ресори. Во рацете на ДУИ веќе се финансии, економија, надворешни работи, а кај новиот владин партнер би преминало здравство.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста