.„ЈУ-ЕС ОПЕН“: МАРЕЈ ЕДВАЈ ДО ВТОРО КОЛО, ВЕЧЕРВА ЃОКОВИЌ ПРОТИВ ЕДМУНД

Вториот ден на „Ју-Ес Опен“ успешно го отворија и останатите фаворити, како Медведев со 3-0 против Делбонис, Раониќ во три сета го исфрли Мејер, а без загубен сет до второ коло стигна и Димитров. Уште на стартот добро се испоти Енди Мареј, кој мораше во пет сета да го елиминира Нишиока. Тешка задача имаше и Чилиќ против Кудла со 3-2, идентично и Качанов против Синер. Вечерва стартува второто коло, во кое првиот фаворит Ѓоковиќ за противник го има Едмунд. Кај дамите успешен старт имаа Серена Вилијамс, Мугуруза, Конта, Кис, Азаренка, Сабаленка и Векиќ, додека елиминација претпе постарата Вилијамс.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста