Каква Македонија имавме во 1991 кога ја изгласавме независноста, каква сега 29 години подоцна?

Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија, порача првиот претседател на Република Македонија, откако македонските граѓани изгласаа незавиност на државата.

Осми септември 1991 година- граѓаните на тогаш Социјалистичка Република Македонија изгласаа независност на Република Македонија. 96, 46 проценти од излезените гласаа „ЗА“ на прашањето- Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверените држави на Југославија?

Ваквите резултати предизвикаа вистински делириум кај Македонците и голема прослава на плоштадот во главниот град на новата независна држава Македонија.

Долги години осми септември беше празникот кој насекаде низ државата се прославуваше со големи собири. Запаметен кај сите Македонци ќе остане осмиот септемвриски ден во 2011 година, кога се прославуваа 20 години независна држава Република Македонија.

Волјата на Македонците изразена 91-та година на еден начин беше срушена 28 години подоцна. И покрај неуспешниот референдум беше променето името на државата. Наместо потребните 50, излезноста беше 36,91 проценти. Гласот на граѓаните изразен преку бојкот на референдумот, беше срушен во Собранието на Македонија

Република Македонија замина во историјата, се роди Северна.

-Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија, изјави на 12 јануари 2019-та година Заев.

Иако беше ветувано обратното, Македонија стана двојазична држава. За овие уставни измени граѓаните воопшто не беа ниту прашани, тие беа донесени во и повеќе од тензична атмосфера во Собранието.

По сите овие случувања во последните три години, како да спласна и желбата за прослава кај граѓаните. Оваа година оправдување зошто немаше прослава може да биде и ковид 19 кризата, но какво оправдување ќе даде власта за и повеќе од скромната прослава лани. Наместо преполн плоштад, одбележувањето се одржа во полупразен многу помал простор во градскиот парк во Скопје.

Речиси сите граѓани на државата пред 29 години одбраа независна, суверена и слободна држава Република Македонија, а третата деценија од независноста ја дочекуваат со друго име на државата, променето против волјата на граѓаните.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста