Јордан Плевнеш добитник на Меѓународната награда „Вавилон“

Македонскиот писател Јордан Плевнеш е добитник на Меѓународната награда Вавилон, меѓународна книжевна манифестација која наредните два дена ќе се одржи во организација на Друштвото на писателите на македонија. Свеченото отворање ќе биде утре, со почеток во 11 часот во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија

По беседите на добитниците на наградата „Вавилон“ Игор Мировиќ и Јордан Плевнеш, ќе настапат афирмирани писатели од земјава и странство.

Манифестацијата „Вавилон“ е меѓународна и традиционална, а годинава се очекува да има учесници од Македонија, Србија, Италија, Шпанија и други земји.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста