Јовески „ставен на клада“ додека Филипче и Анѓушев од под сенка чекаат разврска за модуларната болница

Додека Венко Филипче и Кочо Анѓушев од сенка гледаат и молчат, целиот удар за обвинувањата дека тие се искрата за пожарот во тетовската болница падна врз главниот обвинител Љубомир Јовевски. За само еден ден второ барање за негова оставка, сега испорачано од платформата за борба против корупција. Тие се сомневаат во непрофисионалното постапување и нецелосната истрага која што беше спроведена од тетовското обвинителство за пожарот во тетовската модуларна болница.

  • На сето ова се надоврзува и фактот дека што ОЈОГОКК, се уште ги истражува наводите за корупција во спроведувањето на јавните набавки, иако веќе е прекочерен рокот, од членот 301 за кривична постапка, притоа во јавноста не е образложено зошто е продолжен овој рок“..Снежана Камиловска Трповска – Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Правниците децидно укажуваат и кои се пропустите се направени во веќе затворениот предмет, но и во истрагата која треба да покаже дали користењето на лесно запаливи материјали допринело до тоа живи да изгорат 14 луѓе.

  • „Не се навлегува во тоа како настанале причините за пожарот во болница, не се навлегува во наводите од вештачењето на германските експерти каде е наведено дека констатирано дека поради некои аномалии при градбата е придонесено за таквото брзо ширење. Тие наводи не се докрај истражени “ рече Аврамовски од Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

На протестот пред тетовскиот суд, разрешување на Јовески побараа и роднините на жрвтите од пожарот во тетовската модуларна болница, но и кривична одговорност од него и обвинителите кои ги нарекоа соработници на злосторниците.

  • „Бараме разрешување на Јовески“ порачаа вчера од протестот во Тетово.

Прецизно прашање, но без директен одговор од премиерот Ковачевски за одговорноста на Филипче, Анѓушев но и неговиот предходник Зоран Заев и нивната одговорност за 14-те жртви. Но затоа застана во одбрана на Јовески.

  • „Шефот на јавното обвинителство е избран во Собрание, тој е професионалец од браншата. Тој има своја кариера во рамки на Обвинителството. Ингеренциите се во рамки на Собранието и тоа може да постави прашање до било кој обвинител, а пред се до главниот обвинител. Сметам дека тој треба апсолутно да биде на располагање за кој било случај, а особено за овој случај, кој беше еден од најтрагичните настани. Вистината треба да ја знаат сите“, рече Ковачевски.

Од друга страна пак министерот за правда, Лога седна да разговара со републичкиот обвинител Јовески и шефот на обвинителството за организиран криминал, Абази откако во јавноста протекоа документите и извештаите од вештачењето на германските крим техничари. Што точно реферирале Јовески и Абази пред Лога информации нема. Во Организиран криминал повеќе од една година е отворена истрага за тендерската документација за тетовската модуларна болница, која досега нема никаков епилог.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста