Ѓорчев: Македонскиот парламент не е подготвен за ваков процес на уставни измени

Талат Џафери ќе ја почне седницата за уставните измени, ќе се слушне дебатата во најкуси црти оти веќе се знаат ставовите на политичките чинители во македонскиот законодавен дом, но гласање нема да има. Ова е една од можните варијанти за најавената пленарна седница од собранискиот претседател за утре. По ова, уставните измени нема да продолжат, ќе останат во еден статус кво, и тоа нема да  биде ништо драматично, туку Македонија ќе си го продолжи трасираниот европски пат, цени поранешниот амбасадор, Марјан Ѓорчев.

  • Факт е дека опозицијата остана доследна и принципиерна, од причини што таа одамна најави, уште од минатата година, кога требаше да биде да вклучена преговорите помеѓу Европската унија и актуелната власт, окга се преговараше со Бугарија, опозицијата беше исклучена и тој став е принципиелен. Сега нема 2/3 мнозинство, нема 80 пратеници за да се изгласа на 18-ти, и јас не бил додал ништо на тоа дека ќе биде една седница на собранието на која претседателот на Собранието, Џафери, после тоа што значи парламентарна дебата нема да може да ја отвори точката за гласање“ вели Марјан Ѓорчев-поранешен амбасадор.

Од тука, вели Ѓорчев, безпредметен ќе биде предлогот кој што произлезе од комисиската расправа минатиот месец, за кој поддршка дадоа само 10-те пратеници од владејчкото мнозинство.

  • Сведоци сме дека изминативе години, на оваа политичка гарнитура, има точки кои никогаш не дојдоа на дневен ред, како интерпелацијата на собранискиот претседател. Поминаа три години од неговиот говор во Европскиот парламент кога не зборуваше на македониски јазик и ништо од тоа. Ќе се провлекува се до денот на редовните избори, зошто јас учекувам дека ќе има редовни претседателски и редовни парламентани избори. И доколку не се постигне по тој пат на преговори,  добра волја, убедување на начин на кој што може да се седне на еден политички дијалог, и да се изнајде решение дали може или не. Политичката гарнитура на власт ги поставува условите на депомократија, таа го диктира темпото на демократската расправа, темпото на политички дијалог и опозицијата по дифолт ја брани демократијата“ вели Ѓорчев.

Според Деловникот за работа на Собранието, сите 120 народни избраници најпрво треба да се изјаснат за предложениот дневен ред, кој се носи со 61 глас ЗА, потоа следи расправата, а додека го нема 2/3 мнозинство, според најавите на Џафери, точката нема да се најде на гласање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста