Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ одбележува 16 години од основањето

Иако релативно млад, штипскиот Универзитет „Гоце Делчев„ успеа успешно да се етаблира и наметне во високобразовната фела. Во изминатите 16години колку што и постои, низ универзитетските ходници, поминале нaд 30.000 студенти, рече на денешната свеченост, ректорот на УГД, проф.д-рДејан Мираковски. .

  • „Некаде околу 30%, односно околу 8000студенти во изминатите 16години е вкупниот број на дипломирани кадри на Универзитетот„ Гоце Делчев„ изјави проф.д-р Дејан Мираковски-ректор на УГД-Штип.

И понатаму горчлив проблем останува сместувањето на студентите. Речиси 2000 се од други градови, но во оваа бројка влегуваат и странските студенти, кои во најголем дел се од Турција. Ваквата бројка само ја нагласува потребата од изградбата на Студентски дом.

  • „Ние инсистираме да се започнат или создадат услови за изградба на Студентски дом или други форми на студентско сместување, но тоа не е директна надлежност на нашата институција. Ние имаме простор, имаме и услови, но неопходно е и МОН и останатите институции да се вклучат во решавање на овој проблем„ изјави ректорот на УГД, проф.д-р Дејан Мираковски.

Во рамки на свеченоста по повод 16години од основањето на Универзитетот, беа наградени дипломираните студенти со највисок просек. И понтаму Медицинскиот факултет останува најатрактивен за студентите од државта и странство.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста