Членовите на Судски Совет да си дадат колективна оставка, порачува Коалиција „Сите за правично судење“

Колективна оставка на сите членови е единствениот излез од кој го гледа правната фела од јазолот во кој се заплетка Судскиот совет. Највисокото тело во судската власт со овој состав ќе нема ниту лигитимитет ниту кредибилитет да носи веќе било каква одлука. Огледно е, и досегашната пракса покажа дека сегашниот Совет немаа капацитет да се справи со состојбите какви што се – оценува претседателот на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски. Само нови членови би можеле да ја враќаат довербата, која и така е на најниско ниво.  

  • Најсоодветно би било доколку членовите на Советот покажат достоинство и си поднесат оставки и се формира нов Совет. Бидејќи, очигледно, видовме од праксата од овој Совет нема капацитет да се справи со состојбите такви какви што се. Затоа што ова не е изолиран случај на состојбите во Советот “ – вели претседателот на Коалицијата „Сите за правично сиудење“ Дарко Аврамовски.

Веќе е повеќе од јасно дека Судскиот совет на специфичен начин ги толкуваше законите. Во обид да бидат креативни членовите на Судскиот Совет, се заплеткаа и сега одложувањата на седниците се резултат токму на тоа – работење спротивно на законите и Деловникот.

  • Во обид да бидат креативни и уникатни во постапувањето, се заплеткаа во практично „Гордиев јазол“ кој сега никој не може да го отплетка. Во таа насока, ми говори и одлагањето на седниците, особено што последната седницата беше одложена на многу нетранспарентен начин“, вели Аврамовски за Алфа.

За шефот на државата, по чиј предлог разрешената претседателка Дамева седна во Судскиот Совет во 2019-та, сега тензиите во Судскиот Совет вели Пендаровски фрлаат црна дамка врз целото демократско општество. Вели институцијата не може да функционира без претседател. Но јавноста е сведок дека двата обиди за избор на прв човек на Советот пропаднаа.

  • Таа ситуација мора час поскоро да се реши, не само заради платите, туку зашто фрла таква темна дамка врз целото европско, демократско досие на Северна Македонија. Тоа се најжестоки реакции и најжестоки критики за состојбите во македонскиот правосудсен систем од 1990 година до денес“, оцени Пендаровски.

Старо-новите калкулации по втор пат го пролонгираа изборот на претседател во Советот кое се ослободи по разрешувањето на Весна Дамева. На нетранспарентен начин, половина час пред да почне, без да наведе причини заменикот Селим Адеми ја одложи седницата, но за кога, не се знае. И наместо за оставки, сега, се шпекулира дека наследникот на Дамева треба да биде Сашко Георгиев, но за тој да биде избран прво треба да има согласност помеѓу членовите на Советот, па потоа да може да го изгласаат пред јавноста.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста