Хаос во битолската болница – ревизорите открија низа неправилности во работењето и третманот на пацинети

Хаос во битолската болница – ревизорите открија низа неправилности во работењето и третманот на пацинети

Незаконски исплати, недозволена прекувремена работа, апарти за најтешко болните за кои се платиле огромни суми стојат со прашина – ова се само дел од неправилностите при работењето на битолската болница кои ги утврди ДЗР. Ревизорите споредлуваат загрижувачки податоци во последниот извештај за функционирањето на една од најголемите здравствени установи во земјава.  Околу 36 милиони денари се исплатени по основ на дежурство, без согласност од Министерството за здравство. Се исплаќале и дежурства на немедицински кадар, во износ од 919 илјади денари. Седум милиони денари биле исплатени и за прекувремена работа на 303-ца вработени, но за тоа не бил известен инспектор на трудот. Според извештајот 41 вработен оствариле прекувремена работа над дозволениот максимум од 190 часови, за што се исплатени околу еден милион денари.

Констатирано е дека во 42% од ревидираните фактури постојат разлики во бројот на фактурирани работни часови и бројот на часови прикажани во извештаи/спецификации за сработеното, поради што фактурирани се околу еден милион денари повеќе од реално извршените работни часови, се наведува во извештајот на ДЗР.

Ревизијата констатирала и дека 6.268 пациенти користеле здравствени услуги на приватно, но на сметката на Болницата уплатени се за 2 милиони денари помалку пари.

Во периодот од 2019 до 2022 година евидентирани се побарувања во вкупен износ од приближно 12 милиони денари кои претставуваат акумулиран износ на разлика помеѓу пресметана и уплатена партиципација на сметка на Болницата, констатира ДЗР.

Ревизијата открива дека имало и злоупотреба на термините за прегледи.  Задолжителните здравствени услуги биле недостапни за граѓаните, а од извршениот увид во „Мој термин“,утврдено е дека на ниво на болницата во текот на 2022 година во просек се креирани/достапни за пациенти само 39 проценти од законски задолжителните термини за здравствени услуги.

Меѓудругото ревизорите откриле и дека во посебен објект  како што го нарекуваат бункер во болницата сместен е линеарен акцелератор за третман на онколошки заболувања, за чија набавка и инсталација од страна на Министерството за здравство биле потрошени 172 милиони денари, а воопшто не се користи и не е внесен во сметководствената евиденција.

Наместо промени во работењето на битолската болница се множат случаите со трагичен епилог и со предзнак за сомнеж во системска или лекарска грешка. Во моментов Комисија за стручен надозр го истражува случајот со смртта на 24 годишното момче кое почина пред пет дена.Според ДСЗИ, имало лекарска грешка во третманот на пацинетот. Дополнително, има уште два нерасчистени случаи поврзани со болницата во Битола а кои ги истражува и обвинителството.За малата Јана не беше утврдена лекарска грешка,а за новороденчето се уште нема епилог.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )