Нов тендер на Османи-за конференцијата на ОБСЕ ќе потроши 130 илјади евра за Интернет, фотокопирање и печатење

Нов тендер на Османи-за конференцијата на ОБСЕ ќе потроши 130 илјади евра за Интернет, фотокопирање и печатење

Два дена видео и аудио снимање како и интернет конекција во салата Борис Трајковски чинат над 130 илјади евра, согласно договорите на јавни набавки кои ги склучил министерот Бујар Османи во пресрет на конферацијата на ОБСЕ:

Министерот решил луксузно да ги пречека министрите на ОБСЕ и нивните делегации, па за видео и за интернет врска министерството потпишало два тендера со скопски компании кои за вртоглави суми ќе снимаат, фотографираат, режираат и ќе пуштат интернет, стои во договорите на јавни набавки.

Едната компанија ќе земе над 90 илајди евра за електричната опрема и интернет, а другата комппанија ќе наплати над 30 илјади евра за изнајмување на комјутерска опрема и за печатење на материјали.  

Фирмите согласно договорот се задолжени до 28 ноември да ја постават опремата, и да ја извадат најдоцна до 5 декември.

Носителот на набавката е должен да ја постави опремата најдоцна до 28 ноември 2023 да пружи техничка поддршка со најмалку 4 техничари за време на конференцијата, и да ја извади опремата најдоцна до 5 декември, 4 дена по завршување на конференцијата, извадок од договорот на МНР и носителот на набавка.

Конференцијата ќе трае само два дена, а Владата на министерот Бујар Османи му одобри да потроши до 5 милиони евра буџетски средства. Иако Македонија е сиромашна земја со низок стандард, сепак Османи смета дека конференцијата е многу значајна и Македонија не смее да се брука во светот.

Османи побарал 8 милиони евра од буџетот како претседатавач достојно да ги пречека 70 министри на ОБСЕ и нивните делегации. Од одобрените 5 милиони евра,1, 8 милиони одат за салата Борис Трајковски, 120 илјади евра одат кај агенцијата Рејтинг за стратешки комуникации и промоција, а со останатите 3 милиони треба да се обезбеди хотелско сместување и вип возила за превоз на гостите. Од она што е познато, Еуровиа покрај техничка опрема ќе изнајмува и мебел, а ѕидовите и тоалетите ќе ги реновира.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )