Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Одењето во кафеана или ресторан дефинитивно стана лукзус во Mакедонија.

Според Заводот за статистика, цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1.2 %, но во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите храна за 0.7 %, алкохолни пијалаци за 0.1 %, безалкохолни пијалаци за 0.9 % и ноќевања за 3.7 %.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста