Трајковски: Фалсификувањето на дипломи е врв на ледениот брег, откако се отворија 135 факултети во државава

Клопчето за скандалот со вевчанскиот лажен лекар го одмота Лекарската комора на Македонија. Дека нешто не е во ред, откриле кога го добиле списокот на лекари од Здравствениот дом под чија капа е и службата за Итна медицинска помош. Лекарската комора води регистар на издадени и продолжени лиценци кои се обноваат за период од 7 години,за што се плаќа и редовна членарина.

За таа цел тие побарале од Здравственот дом спосок со имиња на сите лекари со дата на раѓање и уште еден список на кој фигурираат лекарите кои имаат лиценца за работа.Бидејќи 33 годишникот кој 6 години си играл лекар, никаде го немало во евиденција,го инфоримирале директорот на здравстверната установа кој на 18-ти овој месец случајот го пријавил во полиција. Како што веќе Алфа објави од Штипскиот факултет за медицински науки потврдија дека лажниот лекар нема диплома, но како тој набавил диплома, лиценца за работа,документ за положен стручен испит?  

– Технички факултет Битола: Очигледно во овој случај се работи за класичен  фалсификат ,лицето порачало фалсификат кај одреден фалсификатор,кој се занимава и со други фалсификати како на пример пасоши, лични карти итн.Значи ова е уште помал проблем, бидејќи не се работи за биометриски заштитен документ, па со чисто графички работи со помош на колор печатачи во денешно време можете да изработите многу верен фалсификат близок на оригиналот.

Фалсификувањето на дипломи е врв на ледениот брег, вели професор Трајковски-откако се отворија 135 факултети во државава, секој факултет се бори за што поголем број студенти,кои јас ги нарекувам муштерии.На тој начин се спуштија критериумите за проверка на знаење,практично се издаваат дипломи без никако вистинско знаење.Така што воопшто не ме зачудува појавата на фалсификувни дипломи.Високо образовните инститции во овој поглед,мора да превземат мерки за да се заштитат.

– Технички факултет Битола: Тоа не се поправа поинаку освен со затворање на тие 135 факултети сведување на бројот од 1991 година односно на само 30-тина факултети, само така може да се врати квалитетот. Во ова време на информатичко општество многу лесно може да се направи некоја централизирана веб дата база која би можела да се проверува онлајн,каде што би можеле да проверите валидност на одредена диплома.

Инаку и после 10 дена од откривање на скандалот со вевчанскиот лажен лекар,органите на прогонот наместо да го расветлат случајот, ја одолговлекуваат вистината.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста