80 милиони евра поддршка од Европската Унија за Македонија за справување со енергетската криза

80 милиони евра од јануари за Македонија од пакетот помош од Европската Унија за земјите во регионот. Шефицата на европската комисија Урсула Фон Дер Лајен при посетата во Скопје ја кажа сумата која ќе ја одвои Брисел да и помогне на Македонија во справување со  енергетската криза , и најави уште 500 милиони евра за земјите од регионот за грантови за капитални инвестиции.  Овие пари кои доѓаат како грант ќе влезат директно во Буџетот и ќе може да се користат од јануари , а како ќе бидат пренаменети ќе се знае по прекројувањето на државната каса

„Започнува со грантови. 80 милиони грантови за Северна Македонија, како итна буџетска поддршка. Тоа ќе помогне во справувањето со високата цена на енергенсите за вашите граѓани и компании. Ова ќе го финализираме до крајот на годината, за вие да ги добиете средствата веќе во јануари. Секако, ќе дојдат и повеќе средства. На пример, има 500 милиони грантови за целиот регион за инвестирање во тоа што е неопходно сега за да ја добиеме својата независност. За инвестирање во енергетска поврзаност, за инвестирање во енергетската ефикасност и секако за инвестирање во обновливата енергија.“, рече Фон Дер Лајен

Иако беше најавено дека посетата на Фон Дер Лајен ќе е во знакот на справувањето со енергетската криза, ПРес- Конференцијата помина главно во ЗНАКОТ на потпишувањето на договорот  ЗА Фронтекс. Ковачевски не ја пропупшти приликата неколку пати да повтори дека бил потпишан договор на  македонски јазик, како аргумент дека ги штител идентитетските прашања , па речиси целата прес – конференција ја претвори во политички говор обвинувајќи дека опозицијата била таа која го кочела патот кон ЕУ.

Ова е прв договор  што Македонија го потпишува со ЕУ и на кој стои чист македонски јазик со сите други јазици во ЕУ. Тоа е ветувањето што го дадов јас. Со договорот заеднички со ЕУ ќе се справуваме со предизвиците со миграцијата. Ако јазикот е нашата татковина, а македонскиот јазик е признаен на рамноправна основа, тогаш по членството во НАТО, со кое ги осигуравме територијата и границите на земјата, ова е второто што го осигуравме, истакна Ковачевски.

И покрај силните уверувања кои Премиерот ги упатуваше во неговиот говор, Македонија има услов да го отвори Уставот и да ги вметне Бугарите за да продолжат преговорите. Ковачевски ја повика опозицијата да ги поддржи уставните измени во Собранието, а пак шефицата на Европската комисија исопрати порака дека партиите ќе успеат да се обединат.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста