Македонија со најниска просечна плата на балканот, Црна Гора со највисока 

Македонија со 550 евра ја има најниската просечна плата од земјите на балканот. Просечната плата во црна гора е највисока и изнесува 757 евра.

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на социјалните мрежи се пофали со резултатите истакнувајќи дека земјата е на вистинскиот пат, а програмата ги давала посакуваните резултати.

Во Србија просечната плата изнесува 706 евра, додека во Босна и Херцеговина 617 евра. Според податоците на државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33 943 денари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста