Синдикати за Алфа: Имавме тешка и депресивна 2022, ако државата не мрдне со прст, иста песна не чека и во 2023 година

Обичниот работиник едвај има пари за да си ги платите сметиките и да се нахрани, а не да прошета на чист воздух. Цели пет години владата не мрдна со прст, за подобар живот на работникот, алармираат најголемите синдикати во Македонија. За нас, оставаме тешка и депресивна година, без надеж за подобра 2023, велат синдикалците.

Премногу тешка, но и депресивна 2022 година. Иако многу ветуваа, речиси и ништо не направија за работниците. Ова е ставот на најголемите синдикати во Македонија кои се борат за правата на работникот, а тој како по обичај – оставен е сам на себе.

Од Сојузот на Синдикати за Алфа велат дека повеќе не веруваат на владините уверувања, зашто се што ветиле – излажале. Дарко Димовски рече дека иако ја зголемиле минималната плата на 18.000 денари, инфлацијата го изеде покачувањето. Побраа и усогласување на другите плати, за работниците побезболно да го пребродат овој тежок период, тоа не го добија, и сега ја тужат државата во меѓународните судови.

Ако се суди според досегашното искуство, првиот човек на ССМ, не е оптимист дека 2023 ќе биде подобра, зашто наместо подобра живеачка за сите, добар дел работниците се праќаат на принуден одмор, и за жал им се намалуваат плати.

Во изминатите пет години актуелната власт речиси и ништо да не направи за работниците, освен ветувањата дека ќе биде подобро, алармираат и од Конфедерацијата на Слободни синдикати. Велат дека сите ветувања на власта, пропаднале в земја, а кризата ги упропасти работниците.

Дека допрва претстои голема неизвесност, за 2023, додаваат синдикатите, зашто власта го преспала периодов. Ниту Ралповски не очекува позитивна година, зашто ветувањата за усогласување на платите на работниците, иако беше законска обврска, тоа не се случи.

Критиките кон власта стигаат и од Конфедерацијата на Синдикални организации. Од таму велат дека К-15 треба да добијат сите работници, а не само дел од нив, оти така нема да се развие економијата и работниците ќе бидат незадоволни.  

Битката продолжува и 2023, која ако се суди според прогнозите може да биде и уште подраматична. Синдикатите барем се оптимисти дека можно е работите да мрднат од мртва точка.

Најголемите синдикати во земјава предупредуваат дека добар дел од парите кои се наменети за работниците се трошеле неефикасно. Она што дополнително депримира, според нив, се прогнозите дека позначајно закрепнување за работниците може да се очекуа дури кон средината на 2023 година.

Сега, предизвикот е како да се надоместат загубите на компаниите и работниците, или барем малку да се ублажат за да нема клуч на врата за добар дел од нив.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста