Стопанството  алармира, Светска банка предупредува, власта си тера по свое

Стопанството  алармира, Светска банка предупредува, власта си тера по свое

Владата не се откажува од дополнителната давачка за компаниите .  Иако Стопанската комора го „ испрати “ солидарниот данок на Уставен суд,  фирмите кои се опфатени со законот ќе го плаќаат  екстра данокот се додека највисоката судска инстанца не се произнесе , порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи .   И покрај укажувањата на бизнисот дека компаниите имаат потреба од поддршка, а не од дополнителни давачки и дека овој данок е казна за успешните, власта го спроведува со оправдание дека сите требало да помогнат во енергетската и економската криза .

Каде ќе се најдат 70-те милиони евра кои државата планираше да ги пренасочи во антикризни мерки доколку законот „ падне “ засега е нејасно  . 

Вистината е дека судството е независна и секоја одлука на судот е крајна . Почитувањето на судството е императив на демократијата  .  Се додека Уставниот суд не одлучи а не прејудицираме како ќе одлучи , компаниите треба да го платат данокот, рече Битиќи.

Не само што има различни гледишта со бизнисот, Владата гледа и од различна перспектива и со меѓународните финансиски институции . Проекциите за инфлација од 9 отсто на светска банка не биле далеку различни од проекциите на Владата за 5 отсто, туку само различно се интерпретирале бројките . Според вицепремиерот во  Македонија се живеело многу поубаво од сценаријата кои биле пред стартот на грејната сезона лани  .  

Различно ги интерпетираме , ние велиме до крајот на годината 5, ама просекот се зема од последниот месец, тие зборуваат за просек вие зборувате за инфлација од еден месец , различни бројки , различно гледаме тоа е убавината на демократијата секој ги гледа бројките како сака и ги толкува , јас знам дека се стремиме да ја завршиме инфлацијата со 5 отсо… Видете ги проекциите на ММФ , ако ги видите на споредба со земјите од регионот, е над од оние земји што ги очекуваа за нас .

Додека Владата зборува за убави сценарија , граѓаните се соочуваат со ценовни шокови . Покрај солидарниот данок, даночната реформа донесе и повисока стапка на ДДВ за околу 250 категории на производи .  Како луксузни од денеска се даночат и  суплеменетите за исхрана, витамините и антидепресивите, меѓу кои и суплементите и витамините за трудници и деца и доенчиња  како и додатоци .  Кај дел од прехранбените производи, пак, кои беа ставени на листата луксузни,  како лутеницата и цвеклото данокот ќе се врати на 5%. 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )