Средношколски самит: Спречени сме да учиме бидејќи имаме стари и искинати учебници

Воопшто не е пријатно да се учи од стари или искинати учебници, вели Анисија Угриновска, претедател и основач на организација за дијалог и афирмација на средношколците, на денешниот прв национален средношколски самит. Владата и годинава не успеа да обезбеди учебници за неколку генерации ученици, па средношколците апелираат – надлежните да си ја завршат работата.

– „Секако, можам да забележам дека на учениците тоа не им се допаѓа. Не можеме. Едноставно сме спречени да учиме од вакви учебници и апелираме до МОН и до сите одговорни да истото што побрзо го средат.“ – Одговори претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска.

За тоа колку се младите вклучени во политичката сфера и носењето одлуки кои дирекно ги засегаат, Анисија вели дека потребно е некој да ги влучи, да ги слушне и да ги послуша.

– „Со периодот на изолација и социјална дистанца. Нашето учество можеби беше ставено на периферија. Токму сега е моментот истото да го смениме, односно, да го зголемиме нашето учество. Можам да кажам дека сум многу среќна и задоволна со тоа што учениците сакаат да се вклучат. Сакаат некој да ги слушне, сакаат некој да ги вклучи и на крај, сакаат некој да ги послуша.“ – Истакна Анисија.

На денешниот прв национален средношколски самит во организација на младинското здружение ОДАС се дискутираше за колективните предизвици на средношколците во Македонија. Ставовите и мислењата на средношколците ќе бидат вметнати во декларација – документ кој ќе ги идентификува слабостите на образовниот систем, а кој ќе соддржи и мерки за негово подобрување.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста