Претседателот на „Цар Борис 3-ти“ за Алфа: Не провоцираме, 7-ми октомври е случајно одбран за отворање на БКЦ

Отворањето на бугарскиот културен центарЦар Борис III сред Охрид ,во очи на 11-ти октомври,кога државата го празнува денот на народното востание-не е провокација, вели за Алфа претседателот на истоименото бугарско здружение Томе Блажески.

  • “Како поклоници на ликот и делото на цар Борис III ,целта ни е да ја негуваме бугарската култура во Македонија преку бугарскиот културен центар кој ќе биде отворен на 7-ми, а не на 11-ти октомври.Датумот е избран сосем случајно,бидејќи се’ е подготвено.Ги поканувам сите медиуми да присуствуваат на отворањето и да ги проследат поздравните говори” вели Томе Блажески-претсед.на здружението Цар Борис III.

Не ценејќи дека отоворањето на бугарскиот центар ќе предизвика лавина реакции во македонската јавност, затоа што чинот се случува во пресрет на еден од најважните празници во државотворната историја на Македонија,без јасно да прецизира на кого точно мисли,Блажески вели дека моментот се злупотребувал за да се разединат како што самит вели, македонците и бугарите, а нивна цел била да градат заеднички мостови меѓу двата народи.

Без да открива детали,тој кажа дека на официјалното отворање на бугарскиот културен центар во Охрид ќе присуствувале високи функционери од Бугарија,а покани ќе испрателе и до некои македонски институции.

Просториите на клубот во кој ќе имало меѓудругото и библиотека со бугарска литература, се наоѓаат во охридскиот Амам, кај гратска чаршија, на локација која е видива од булеварот Македонски просветители кој води кон пристаништето. Над влезната врата стои табла на која со големи кирилични букви пишува “Здружение на граѓани Цар Борис III”

Инаку во Амамот на истиот кат се наоѓа и бугарскиот културно информативен центар „Балкански хоризонти” кој свечено го отвори потпретседателката на Бугарија Јотова,во месец април годинава. Вчера вечер во Амамот токму каде што се наоѓа овој културен центар имаше забележително присуство на полицијата. Добро упатени извори за Алфа велат дека пред денешното одржување на предвремените парламентарни избори во Бугарија, полицијата во Охрид 24 часа го обезбедува Амаманот за да не ни се случи Битола каде беше запелен бугарскиот културен центар “Ванчо Михајлов.” Дуќанџиите во Амамот кои не сакаат да зборуваат пред камера, кажуваат дека во текот на вчерашниот ден во бугарскиот културен центар било прилично развижано се до вечерните часови.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста