Србија ќе работи на имплементација на Охридскиот анекс до нејзините црвени линии

Српскиот претседател Александар Вучиќ остана на црвените линии и не потпиша никаков меѓународен правен договор по маратонските преговори со косовскиот колега Албин Курти во Охрид. Во Охридскиот анекс кој го постигнаа двете земји се обврзуваат да го почитуваат договорот за нормализација на односите и да го имплементираат. Договорот што беше потпишан на 27 фебруари во Брисел и вчерашниот анекс за имплементација на договорот стануваат дел од преговорачката рамка за пристап во Европската унија на Косово и Србија. На средбата е договорено Србите во Косово да формираат Заедница на српски општини. Отсега ЕУ одделно же ги следи Србија и Косово што имплементираат од договорениот план и тоа же им биде репер за европскиот пат.

Вучиќ пред јавноста неколку часа објаснуваше дека не потпишал никаков правен договор бидејќи Србија е потготвена да работи на имплементација до своите црвени линии

„Јас ја водам Србија и мојот потпис би бил правно обврзувачки за република Србија. Јас знам на што ставам потпис, на што не ставам потпис. Се однесувам одговорно, и се однесувам сериозно. И колку и да ми е тешко од десет страни да слушам 10 луѓе како ми велат дека тоа е добро и дека тоа е важно за нашата земја, мојата дисциплина и мојата концентрација од секогаш биле на исто или мжби и на повисоко ниво од другите луѓе“, вели Александар Вучиќ, претседател на Србија

По вчерашниот 12 часовен дијалог, се обрати албанскиот државен врв. Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, го поздрави постигнувањето на јавниот договор меѓу Косово и Србија и посветеноста за спроведување на основниот договор и соодветниот анекс. Според Бегај, овој договор е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во Европската Унија. Шефот на албанската влада Еди Рама вчерашниот договор го нарече историско достигнување. Тој исто така напиша дека се надева дека „ѓаволот не се крие во деталите“.

По состанокот, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел соопшти дека Србија и Косово се согласиле за анексот за имплементација, кој заедно со Договорот, ќе биде дел од европскиот пат на двете страни.

Борел рече дека договорот и анексот се сметаат за усогласени и прифатени од двете страни и дека ќе се сметаат за усвоени, односно ќе важат, откако тој ќе даде изјава дека е така или со објава од негова страна.

Разговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со посредство на Европската Унија, вчера во Охрид траеја повеќе од десет часа.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста