„Споменикот во Слупчане е уште едно убивање на македонските бранители“

Не сум задоволна! Според она што сега се случува нашите деца се отфрлени. Некој друг сега бране, а нашите деца испадна небранители„-изјави Убавка Петрова, мајка на загинатиот бранител Влатко Петров. .

И по две децении, болката по синот е се уште силна„- низ солзи раскажува Убавка Петрова, мајка на Влатко Петров, 24годишниот македонски бранител кој на 3мај 2001 година,заедно со Димитар Двојаковски,загинаа во заседа во Ваксинце. Оваа горда мајка која денес на одбележувањето на дваесет и едногодишнината од нивната смрт,  положи свежо цвеќе, од државата побара на овие петмина загинати припадници на АРМ да им се изгради споменик како што доликува. За неа, вчерашното промовирање на 20метровот споменик во Слупчане,  е ново погибие на бранителите кои ги дале животите за својата држава.

   „Со тешка мака. Гледам, солзите сами ми течат. Солзи ми течат! Они се прават бранители , викат дека се бранители. А нашите деца што се ? Нашите деца за кого загинаа?За кого? За нашата држава, за Македонија. Ние сме Македонци!„-изјави Убавка Петрова, мајка на Влатко Петров.

Семејствата кои дадоа жртви, не добија соодветен третман од државата, објаснува Петрова, која се уште не може да заборави како наместо за свадба, се спремала за погреб на својот син. Пред една година конечно и е решен и станбениот статус. .

  „Поканите ни беа донесени за свадба. Спремавме свадба! И костумот му беше спремен , но ми го донесоа во ковчег„-изјави Петрова.

Според кажувањата кобното утро  Влатко Петров и Димитар Двојаковски биле дел од групата составена од седум војници кои со транспортер се враќале од терен. Иако имало барикади кај Ваксинце добиле наредба да продолжат. Влегувајќи во селото, во заседа  биле нападнати од сите страни. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста