По три години Грција и Албанија ги отвораат границите за странските туристи

Ова лето ќе се патува без сертификати за прележан Ковид како и задолжителен негативен ПЦР Тест. По Грција мерките за влез во земјата ги укина и Бугарија, Албанија и  Хрватска а од утре може да се патува без сертификат и во Србија.

Земјите ги олабавуваат мерките, но нов удар за туризмот е војната во Украина. Хотелските капацитети кај нас се соочуваат со откажување на аранжмани од европските земји, што може и да се смета како показател дека и покрај тоа што пандемијата стивнува може ќе изостанат странските гости.

После 2 години пандемија која не ни е до крај завршена се надеваме дека брзо ќе заврши и уште нешто полоѓо е со војната. Добиваме многу откажувања од странски тур-оператори на пример од Полска се намалени драстично бројот на резервациите од Холандија се одложени на еден месец од едниот тур-оператор, а на две недели од другиот тур- оператор. Тие ни се показатели за странските гости.  Домашните гости за првомајските и велигденските празници го исполнија Охрид гостите од Балканот. И тоа е еден добар позитевен знак со оглед на тоа ги тргнаа сите мерки со оглед на тоа дека ние добиваме еден дел од нивните гости, вели Крсте Блажески претседател на хотелска асоцијација на Македонија.

Дека македонскиот народ е желен за патување покажа и сликата од српската и грчката граница за време на продолжените викенди – пред рампите, колони на возила како пред пандемијата.  Само што оваа година ќе се летува поскапо.  На пример за сместување во  приватни капацитети во  Грција цените се движат од 50 до 150 евра, гирото се продава по 4 евра, а во чинија достигнува и до 7 евра. За шолја капучино во Грција ќе платите 5 евра, а пиво за 4.5 евра .  И не само во Грција. Поскапо ќе се летува и кај нас со оглед на ценовните шокови кои се случија како последица на кризата. Сепак прогнозите се дека ќе биде поевтино отколку во регионот.

Секако, се очекува поскапување со оглед на тоа се излегува од една криза и се борат за еден гостин повеќе. Поскапувањата ќе се случат, но ние никогаш нема да бидеме исти во цена или блиску до една Хрватска или една Црна Гора, па и со некои делови на Србија. Еве ако спомнеме скијачки центри во Србија, или скијачки центри кај нас. Но и се останато што го пружиме треба да го донесеме на едно повисоко ниво, додава Блажески.

 Како последица на Корона вирусот туризмот беше една од најпогодените гранки. Туристичките работници во бројни наврати бараа помош од Властите за да можат да опстанат. Во моментите кога пандемијата стивнува и рампата за влез без сертификати е дозволено и во Македонија, секторот допрва ќе треба да ги калкулира последиците од ценовните шокови и руско-украинската криза.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста