Втор месец од учебната година без учебници за секое дете, на министерот се некој друг му е виновен

Втор месец од учебната година без учебници за секое дете, на министерот се некој друг му е виновен

Министерот за образованите Шаќири, не ги исполни ветувањата и обврските да обезбеди ученици за сите ученици на почетокот на школската годин, но вината не не ја гледа кај себе. Тој се правда дека постапките кои што доцнеле не зависеле од него и не можел да интервенира секаде. И покрај неговото ветување дека до септември учебници ќе има, третоодделенците и годинава ја започнаа без ниту еден учебник, а наставен материјал недостасуваше и за шесто одделенците. Тој одговорнста ја префрла на бирото за развој на образованието, како и оние кои приговарале за соддржината на учебниците.

  • „Сите учебници што се одобрени се веднаш, во прашање се денови, се веднаш од страна на педагошка служба дадени со договор за печатење. Одговорност заради тоа што одреден учебник има жалбени постапки кои не зависат од министерот, има жалбени постапки од страната на авторите, има жалбени постапки во постапката не може да се бара. Вие сами се уверивте во тоа што јас го кажав минатиот септември, дека другиот септември ќе биде многу поразличен од претходниот“ – Изјави Шаќири.

За проболемот кој се провлекува трета година по ред, Шаќири вели дека од денеска започнала доставата на учебниците за шесто одделение. Очекувал до крајот на неделата сите учебници да се достават, а доколку се јавело потреба, ќе побарал од економскиот оператор доставата да продолжи и за викенд.

  • „Денеска во дел од училиштата има достава на учебници за шесто одделение која ќе продолжи тековно утре, задутре и до крајот на неделата очекувам сите учебници да се достават. Во зависност од тоа ќе побарам од економскиот оператор да има и во сабота, ако треба и во недела достава за да се заврши и сите одобрени учебници да се достават кај учениците“ – Истакна министерот.

Додека за средношколците пак, кои користат парталави и уништени учебници што поминале низ рацете на 13 генерации пред нив, Шаќири тврди дека 80% од учебните материјали за гимназиско и стручно образование веќе биле доставени.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста