Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година

Мирно и магловито претпладне имаме во Скопје по бурната весела и главно мирна новогодишна ноќ во метроплата, но и низ Македонија..

Атмосферата беше жешка, весела, посебно низ кафеаните, рестораните,  домовите, плоштадите. За жал, на централниот, оној во метрополата, годинава беше скромно, не многу масовна, но со музика и со традиционален огномет. За прв пат годинава градските власти не ја организираа прославата на најлудата ноќ.

Наместо градот, за каков таков новогодишен амбиент се погрижи здружението на естрадни уметници „Естрада” кое покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава. На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, „Мерак меана“, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Ристеска и други. Сепак еуфоријата не изостана.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста