Скопска апелација ќе одлучува откако ги ислуша жалбите на одбраната за убиството на Денис Тот

Да се укине пресудата и предметот да се врати на повторно судење во кривичниот суд, бара од Aпелација одбраната на осудените за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Во жалбите до повисокиот суд, адвокатите се повикуваат напогрешно утврдена  фактичката состојба, повреда на кривичниот законик и суштествена повреда во постапката која ја водеше Скопскиот кривичен суд.

Судечкиот совет во апелациониот суд во Скопје сега ќе разгледа и ќе одлучи – ќе ги прифати или одбие жалбите на тројцата првостепено осудени Анџело Ѓеоргиевски, Климентина Лефкова и Андреј Костовски на вкупно казна затвор од 52 години.

Денис Тот беше претепан на 7-ми април лани пред скопска дискотека, а почина следниот ден на скопската клиника. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката, на кое се гледа како обвинетите го удираат тот, тој паѓа на асфалтот и останува без знаци на живот. Обвинителниот акт беше поднесе во јули минатата година, а пресуда на кривичниот суд беше во ноември минатата година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста