Синодот на МПЦ ја поздрави одлуката на Вселенската Патријаршија – Продолжуваат преговорите со СПЦ

Светиот Синод на МПЦ-ОА, му се заблагодари на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за одлуката да се признае канонското единство на нашата црква со останатите помесни православни цркви. Признавањето под името Охридска Архиепископија, според македонските владициа,го потврдува вековниот црковен континуитет.

– Не е понижувачко име напротив е една историја од 10 века додека МПЦ е од 1945 година. Тоа не треба тоа да се прима на срце како голема отстапка а ние ќе се викаме МПЦ. Не гледам ограничувања и непријатности. Тоа значи дека не е решен статусот ниту самостоен автокефален меѓутоа не примаат како хиреархија да сослужуваме со тие што ќе бидат согласни со Цариград. Се разбира дека ќе има некои црвки претпоставувам нема да бидат согласни .Затоа ние бараме еден друг начин, ги бараме патштата како биле признати од сите тоа е наша желба за тгоа се застапуваме. рече Владиката Тимотеј, митрополит дебарско-кичевски.

Историски чин е признавањето на црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна, што во сеправославниот свет значи дека повеќе не сме расколници и тоа е чекор поблиску до издавање томос за автокефалност на нашата црква. Но познавачите коментираат дека признавањето од Вселенската патријаршија, не значи и признавање и од сите православни цркви.

-Нашите црковни достоинственици сега ќе можат да сослужуваат со достоинствениците од другите православни цркви како рамноправни. Но одлуката за тоа ќе ја сноси секоја православна црква самостојно. Од оваа одлука произлегува дека вселенската патријаршија ќе почне со такви сослужувања за нас, да одржува литургија. Сега останува да се види како ќе се однесува СПЦ на која Вселенската патријаршија би и препорачала да ги уреди управните прашања кои ги има со нас“, вели за Алфа, Бранко Ѓорѓевски, новинар и познавач на црковното прашање.

Уште се чека реакцијата од Српската Православна Црква. Ѓоргески е скептик дека СПЦ ќе ја признае автокефалноста на МПЦ, а максимумот кој може да го очекуваме е широка автономија. Уште по извесен е ставот на Бугарската православна црква која се смета за наследничка на Охридската архиепископија.

– Јас не очекувам дека СПЦ ќе се согласи да ја прифати одлуката на вселенската патријаршија и дека во иднина ќе преговара со нас за нашиот автокефален статус, но тоа тогаш ќе значи дека на сцена повторно ке стапи Вселенската патријаршија која од таква ситуација, како што беше случај со украинската православна црква ќе може да донесе и конечна одлука со која ќе бидеме прогласени за автокефална православна црква“, дополнува за Алфа, Бранко Ѓорѓевски, новинар и познавач на црковното прашање.

За дилемите во јавноста околу постоењето на црквата на Јован Вранишковски која го носи името Православна Охридска Архиепископија, Ѓорѓевски смета дека не би требало да претставува пречка во преговорите меѓу српските и македонските владици..

Преговорите помеѓу МПЦ И СПЦ кои започнаа пред две недели во Ниш по долги години прекината комуникација, далеку од очите на јавноста, а иницирани од Патријарх Порфириј. Дијалгот треба да продолжи, но МПЦ не открива кои чекори ќе ги преземе.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста