Македонија се наоѓа во нова политичка криза: „Потребно е шумарот да ги избрка и Партизаните и Германците“

Ниту државата, ниту Владата не се стабилни. Последните случува во Македонија како Блокадата на Собранието, но и најавите на Алтернатива и Павле Трајанов ја покажуваат ранливоста на власта во Македонија. Според аналитичарот Агим Јонуз потегот на Трајанов и барањето за една изборна единица е во ред и за поздрав, но смета дека тешко би можело да му биде исполнето.

-Ни државата ни владата не е стабилна, се е политички бизнис. Нема една опција која што има чисто конституитивен интерес и патриотизам во пристапот на одржување, сочувување и функционалност. Она што Павле Трајанов го декларира е во ред и за поздрав, меѓутоа мислам дека во овој момент е неизводливо затоа што позицијата и султанатите, политичките партии се во една грч позиција за зачувување на своите позиции, изјави Јонуз.

Јонуз е на ставот дека состојбите во државата во моментов се далеку од сериозноста на која треба да бидат, па искористи и еден популарен виц.

-Ситуацијата е до едно ниво толку несериозна што заслужува да се спореди со еден виц кој вели дека во шумата се тепале партизаните и Германцие и дошол шумарот и ги избркал на крај.  Целиот политички естаблишмент заслужува да им дојде шумарот, изјави Јонуз.

Во моментов блокадата на опозицијата не е единствениот проблем за власта, според последните потези, проблеми постојат и во самата владина коалиција, каде според последните пораки, Алтернатива со совите четири пратеници размислува да ја напушти коалицијата. Скендер Реџепи Зејд порача дека многу од ветеното не е исполнето, а тоа е причина да се разгледа учеството во власта.

-Не сме задоволни од работата на Владата. Не сум задоволен од тоа што ветивме пред да влеземе во оваа коалиција. Ветивме напредок на преговорите со ЕУ – ништо, ветивме конкретни проекти за граѓаните – нема ништо од тоа. Не сум задоволен. Ако продолжи вака Алтернатива, подобро да ја напушти владината коалиција. Понатаму, тоа што беше договорено со коалицискиот партнер СДСМ, не е исполнето. Многу кадровски решенија не се реализирани, а беа ветени, изјави Реџепи Зејд.

И покрај ваквата ситауција во која на власта и се заканува можно губење на парламентарното мнозинство, премиерот Димитар Ковачевски е на ставот дека тоа било стабилно, поголемо од претходното на Заев.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста