Се заканува епидемија од морбили, ниска е стапката на вакцинирани деца со МРП вакцина

На Македонија и се заканува епидемија со морбили ако не се зголеми опфатот на вакцинација, предупредуваат од Комисијата за заразни болести. Докторите уште на почетокот од годината алармираа дека нискиот степен на имунизација може да ја влоши состојбата. Податоците се загрижувачки и вакцинацијата мора да се зголеми алармира д-р Злате Мехмедовиќ.

“Со оглед на тоа каков е процентот на вакцинација и знаеме дека ковид пандемијата си го направи своето и дека падна значително бројот на вакцинација и ревакцинација со МРП вакцината,  и од тие причини можеме да кажеме дека сме далеку од пасакуваната 95 проценти на колективен имунитет постигнат преку вакцинација со МРП вакцината ” – вели за Алфа, портпаролот на Комизијата за зараљзни болести д-р Злате Мехмедовиќ.

Аларм дека треба да бидеме внимателни се и бројките на заразени со морбили во соседните земји вели д-р Мехмедовиќ.

Апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца и да ги заштитат од несакани последици.Во Србија е прилично сериозна ситуацијата,таму мислам дека се појавија околу 50тина случаи.Не е ништо поразлично и во останатиот дел од регионот во југоисточна Европа” – изјави д-р Мехмедовиќ.

Последниот случајот со 13 месечното бебе од Свети Николе кое беше заболено од морбили или мали сипаници ги алармираше родителите кои го прескокнале терминот за прва доза, да ги донесат своите деца на вакцинација.

Инаку, според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во 2021 година опфатот со прва доза МРП вакцина изнесува 70,4%, а за втората доза 80,4 отсто додека во преходната 2020 е исклучително низок, 63% за прва доза и 68,5% за втората доза, на национално ниво. За 2022 година се уште не се обработени податоците, но очекувањата се дека ќе биде повторно околу 70%.

Во 2019 во Македонија беше прогласена епидемија со морбили и најмладата жртва која почина од комликации од заразата беше 6 месечно бебе.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста