Семејствата на починатите пензионери чекаат на враќање на средствата од солидарниот фонд

Семејствата на починатите пензионери се уште чекат да им биде исплатена разликата од 5000 денари по основ на посмртнина од Солидарниот фонд.  Од 1февруари поради немање на доволно средства Сојузот донесе одлука, наместо по 30.000, да се исплаќаат по 25.000. Примателите на овие средства реагираат и прашуваат кога ќе им биде исплатена разликата, бидејќи сегашните пари што ги довиваат не се доволни за достојно починатиот се испрати во вечното живеалиште.

Од Сојузот информираат дека разликата ќе почне да се исплаќа со јулската пензија, а одлуката со која се скратуват средствата ќе заврши при исплатата на јунската пензија. Средствата ќе се исплаќаат по редослед, а темпото на исплатата ќе зависи од расположливите средства, смируваат од Сојузот. .

  „Радува фактот што смртноста на пензионерите е намалена. Како за илустрација , во април починати се само 914пензионери, за разлика од февруари кога имавме 2504пензионери. Тоа беше многу голема бројка од она што значи редовен прилив на починати пензионери во услови кога не беше пандемијата„-изјави Станка Трајкова, претседател на Сојуз на здруженија на пензионери

 За овие четири месеци колку што и трае одлуката со која наместо по 30.000 , за посмртнина се исплаќаат по 25.000 денари, по оввој основ од Солидарниот фонд треба да се исплатат речиси 19 милиони денари

  „Според информациите со кои располагам околу 3760 приматели на посмртна помош ќе треба да им се доплатат уште по 5000денари„-изјави Станка Трајкова, претседател на Сојуз на пензионери

Намалувањето на посмртнината, а зголемување на чланарината на нозе тогаш ги крена пензионерите. Тие бараа да се преиспита одлуката  која за нив е апсурдна. Според податоците во Штип има околу 7000 пензионери. Добар дел од нив едвај преживуваат и се на работ на егзистенција. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста