Недела (не) работен ден во туристичките места – Кој ќе ги утврдува критериумите?

Откако министерот за економија пред 2 недели обзнани дека ќе се повлече законско решение со кое недела стана неработен ден и оти сега туристичките места ќе можат да работат цела година, синдикалците јавно го прашуваат Бектеши,за кои туристички места ќе важи законот?Ние не можеме да им забраниме на туристите кој град да го посетат,каде и да одите има туристи,но тоа не е одбразложение за да се повлече законското решение недела да биде неработен ден.

Да не се лажеме дека во чаршијата во Охрид или Владата ако ја слушаме ќе излезе дека секој град во државава е туристичко место, бидејќи туристи нема само во Охрид,има и во Скопје,ако дозволиме сите да работат во недела, тогаш не сме постигнале ништо.Значи тие велат сега, да ќе го платиме работникот но испадна во 30 години Р.М не беше платен работникот во недела рече Иван Пешевски-Потпретсед.на приватен секотор на ССМ.

Нема да трпи нити економијата нити државата доколку работниците ги искористат двата слободни дена кои им следуваат,бидејќи законски обрзани се да работат 40 часа во една работна недела.Охридските дуќанџиите тврдат дека им ги плаќале прекувремените саати на вработените.

Воопшто никогаш не беа во прашање доведени дуплите дневници или слободен ден,па и пред тоа имаа работниците слободен ден и беа платени за празници вели Маја Бакалова-чаршиски еснаф.

Но,од Сојузот на синдикати велат дека на електронска апликација пријави за себе, пријави за друг, пријави анонимно,добиле пријави од работниците.

Голем дел од работниците пријавија дека тие дуќанџии,газди ги ангажираат работниците за работа во недела, баш пред очите на министерот на економија  кога го посети Охрид.На тој начин демонстрираат едно лицемерие пред државата, не почитувајќи ги законите.Нека повелат,нека си работат ако им се потребни тие пари за денот недела рече Дарко Димовски-Претсед.на ССМ.

Сопствениците на дуќаните што сакаат да работат во недела и до сега го имаа тоа право да работат ,но испадна дека не работат тие туку работниците без при тоа да бидат соодветно платени, затоа бараме строга примена на законот и ќе застанеме цврсто позади недела неработен ден-велат од ССМ.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста