Пoддршка од САД за Евроинтеграциите на Македонија

Отпочнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Соединетите Држави и Македонија претставува нов исчекор во билатералните односи и партнерство меѓу двете земји.

Ова е пораката која беше испратена на средбата во Вашингтон меѓу американскиот државен секретар Ентони Бликнкен и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Блинкен уште еднаш ја потврди силната поддршка на САД за евроинтегративниот пат на Македонија. Во заедничката изјава по повод почетокот на процесот за Стратешки дијалог, Владите на двете земји ја потврдија својата посветеност да ги прошират образовните, културните и професионалните размени кои поттикнуваат меѓусебно. Македонија и САД изразија подготвеност да ги искористат трговските потенцијали, да ги унапредат реформите во деловната клима и да продолжат со идентификување и намалување на бариерите за трговија и инвестиции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста