Светски ден на лицата со Даунов синдром – заборавени и отфрлени од интитуциите

За штипјнецот Гоце Маринковски, Дауновиот синдром воопшто не преставува проблем за остварување на неговите соништа. Иако е без формално образование за актер, во неговата биографија се запишани многу главни и споредни улоги во театарски претстави, краткометражни и документарни филмови. Негова пасија се македонските народни приказни, актерите, фолклорот. Желба му е еден ден да направи филм за неговиот татко, кој бил репрезентативец во борење.

  • „Убаво си поминувам секој ден. Истражувам за минатото за Васка Илиева, за македонските народни приказни. Многу сакам да истражувам стари видео матрејали“ вели Гоце.

Лицата со попреченост се заборавени и отфрлени од институциите, барем таков впечаток има таткото на Гоце, Добре Маринковски. Потребна е поголема инклузивност во општеството , која кај нас во најголем дел од случаите, е само на хартија.

  •   „Гоце е супер. Го почитуваат во градот, никој не одминува, сите го поздравуваат, да ти е кеиф да шеташ со него. Но проблемот е што немат училиште, каде што ќе можат да поразговараат, да разменат мислење. Запоставени се од државата„ изјави Добре Маринковски, татко на Гоце.

 Гоце имаа 39 години и живее со своите родители. Корисник е на паричен надоместок за помош и нега од друго лице. Досега нема работено, не дека не сака, туку нема каде, објаснува неговата мајка. Сака да дипли и пегла. За среќа како што вели имат пристојни пензии, па на нивниот син можат да обезбедат подобар живот.

  •  „Со 6.000денари без здравствено, без да имаат некој за да се грижи за нив, тие деца не можат да опстанат. Не знам како би продолжиле со животот„ изјави Благородна Маринковска, мајка на Гоце.

Зсега во Македонија нема регистер за бројот на лицата со Даунов синдром. Се соочуваат со бавна проценка и со недоволен број на асистенти. Среќата што ја има Гоце, не важи за сите. Голем дел од нив се уште се стигмтизирани и не можат да го најдат својот пат под сонцето. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста