Референдумот пропадна, да живее референдумот: Волјата на граѓаните погазена, ЗА гласаа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, пуштени од притвор непосредно пред гласањето

-Согласно утврдениот резултат од гласањето на референдумот 2018-та година, одлуката не е усвоена, порача поранешниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски.

Граѓаните не ја одобрија, власта преку Собранието на сила ја протурка Северна Македонија.

-Да живее Република Северна Македонија, порача Заев.

А како дојде до уставните измени и промената на името е посебно дискутабилно. По граѓанското НЕ, власта предводена од премиерот Заев реши дека мора да се истурка Северна, па нудено беше и помирување со обвинетите за настаните од 27 април, со дел од нив и дојде до тоа помирување.

-Крајно време е да им кажеме стоп на ваквите процеси на делби и поделби. Малку сме дури и роднини фаќаме, заедничка ни е Македонија, но и обврската ни е заедничка за иднината на Македонија. Кулминацијата стигна на 27-ми април 2017-та година, ќе се испоубиевме пред очите на сите, сликите од крв стигнаа до сите, насекаде, а поделбите станаа најголеми, се до граѓаните во сите села и градови, еве прилика да си простиме да кажеме доста е, да покажеме дека учиме од грешките и дека сме пред се луѓе, браќа и сестри, роднини, пријатели во нашата мала заедничка Македонија, ајде да почнеме од тој 27-ми април 2017-та година, изјави Заев.

Изјава од ваков тип не би смеела да дојде од устата на еден премиер, бидејќи претставува еден вид притисок врз судството. Па наредниот откако преспаа еден ден од власта Заев беше дообјаснуван. Тоа прва го стори, неговата тогашна партиска заменичка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

-Правдата и помилувањето не се исклучиви, туку тие се надополнуваат и пораката што ја испрати вчера премиерот беше во таа насока, дека на оваа држава и е потребна правда. Тоа го ветивме и тоа го работиме и покажуваме дека власта не е таа која што одлучува како треба да функционира правдата и правната држава, не се меша и ги почитува основните правила, изјави Заев. 

Па Заев и сам се дообјаснуваше не станувало збор за никакво влијание врз судот, туку повик за прошка.

-Премногу е делби и поделби во Македонија, апсолутно не ми паѓа на памет, да влијаам на институции, судови обвинители. Но, сите знаеме дека треба да се помириме, треба да си простиме, од тука делбите ни паѓаат во државата насекаде по вертикално ниво и апсолутно сум за, изјави Заев.

Така изгледаа моментите кога предлог уставните измени влегоа во Собранието, па потоа Заев тврдеше дека имал двотретинско мнозинство, но условите требало да бидат нормални.

-Тоа треба да биде во нормлани околности и да го има треба да биде во нормални околности, порача Заев излегувајќи од Собранието.

По два месеци Заев го доби потребното двотретинско мнозинство, но начинот на кој го доби според многумина беше далеку од нормален. 11-ти јануари јануари беше денот кога официјално беше изгласана Северна.

-Гласаа 81 пратеник, сите 81 за, против нема, воздржани нема…, соопшти собранискиот спикер.

Власта неочекувано и изненадувачки доби засилување од осум пратеници на опозицијата. А дел од нив на крајот си добија награда, видлива за целата јавност. Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов беа пуштени од притвор непосредно пред гласањето. Судските лавиринти најверојатно помогнаа ЗА да гласа и Елизабета Канчевска Милевска, која беше обвинета во случаи од СЈО. Но и Владанка Авировиќ, чиј син беше обвинет од СЈО и подоцна заврши со условна наместо затворска казна.

-Крто Мукоски за, Емилија Александрова за, прочитани беа дел од пратениците на опозицијата кои гласаа за

Резултатот од неуспешниот референдумот на крајот беше изгласувањето во Собранието, на и повеќе од чудни начини. И покрај промената на името Македонија сепак остана без ветената европска иднина.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста