Преспа: живот од двете страни на границата – роднини и пријатели разделени повеќе од половина век

Разделени од најблиските, запечатени судбини и само сеќавање на еден убав спокоен живот кога без проблеми оделе кај своите роднини во соседните села од другата страна на границата. Денеска само спомените се единствената врска меѓу двата дела на Преспа, онаа во Македонија и онаа во Грција.

Јосиф Поповски од Љубојно чии корени потекнуваат од селото Нивици местото каде Македонија замина во историјата, вели дека некогаш во Преспа имало живот. Многудетните семејства биле симбол за овој дел од Македонија.

Со солзи во очите Миле Калајџиоски од Долно Дупени се врати шест децении наназад од својот живот. Како дете од седум години со родителите секојдневно ја поминувал границата за да биде во селата кои сега се дел од грчка страна.

Надежта дека потпишувањето на Преспанскиот договор повторно ќе го спои со роднините од Герман, Роби, Срково, останаа само ветувања од политичарите напишани на хартија…

Обврските да биде отворен и преминот кој сега е главна кочница за жителите од Преспанските села не се исполнија…

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста