Предупредувачки штрајк на вработените во „Македонски пошти“

Вработените во македонски пошти втор ден на предупредувачки протест незадволни затоа што им доцни платата. Оттаму велат дека се почесто се случува, заработените пари да не им бидат исплатени на време, па дадоа рок до вторник, во спротивно ќе излезат на протест пред Влада.

– „Денеска е втор ден како вработените на македонски пошти ширум Македонија искочија на предепредувачки протест, за време на пауза. Причините се исплата на плата, односно, рокот за исплата знаеме дека законски е до 15-ти, но денеска сме веќе 20-ти, а платата за месец септември не е исплатена. Доколку не се испати плата во наредните денви, веќе во вторник ќе излеземе на протест пред Влада.“ – Изјави Боро Велигденов од синдикатот на македонски пошти.

Вработените велат дека имаат разбирање за стртешката важност на компанијата, па затоа сега протестираат само за време на пауза. Од сојузот на синдикати на Македонија, кои го поддржаа протестот, предложуваат решенија. Велат дека кога веќе имаме државна пошта, владата да ги користи нејзините услуги, а не да ангажира приватни компании.

– „Уште во вторник, на владина сендица, да нареди премиерот сите министри да ги користи услугите на македонски пошти, бидејќи не може ние со тендери да ангажираме приватни пошти, а нашата национална пошта, која ја има државата како нејзин сервис, да биде скокната и да не прави  “ -Изјави Дарко Димовски, претседател на сојузот на синдикати на Македонија.

Синдикатите на македонски пошти најавија протести уште во март годинава, но го ставија на пауза поради постигнатот договор за повиски плати за нешто помалку од 3000 денари. Само неколку дена откако синдикатот и менаџментот постигнаа договор, по предлог на владата, управниот одбор експресно го разреши тогашниот директор на пошта, Јани Макрадули.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста