Боки 13 претепан во „Идризово“

Боксови и клоци по главата, стомакот и рацете го сместија Бојан Јовановски на Клиника. Вчера пред 16 часот Боки 13 бил нападнат во дворот на затворот Идризово.

Додека седел му пришле тројца осуденици и го претепале. Двајца од напаѓачите веднаш биле сместени во самица, а идентитетот на третиот засега не се открива. Бранителот на Јовановски за Алфа вели дека настанот го пријавил во полиција, а Боки 13 синоќа бил сместен во Ургентниот центар.

  • Ниту ги познава тие лица, ниту претходно имало расправија или било каков повод. Станува збор додека седел во затворскиот двор, и сигурно тие лица биле пратени од некого, бидејќи не може некој да те нападне со кого не се познаваш“ – вели бранителот на Јовановски, адвокатот Сашко Дуковски. 

Адвокатот Дуковски вината за состојбата на Јовановски ја префрла на директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски. Вели неколку пати досега апелирале Боки 13 да биде вратен во претходното одделение поради опасност за неговата безбедноста, но тоа не се случило иако неколку пати до сега бил вербално напаѓан.

  • Ја користам оваа шанса директно да го прозван директорот за извршување на санкции како најодговорен за ова. Повеќе од неколку пати укажувавме на неговата состојба и на неговата безбедност, исклучиво по налог на директорот за извршување на санкции, беше префрлен од еден Го молам сега директорот да каже на каков начин ќе го обезбедува осуденото лице“ вели бранителот на Јовановски, адвокатот Сашко Дуковски.

За претепувањето на Јовановски од МВР велат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста