Полошките општини разочарани што Владата ги одби нивните предлог мерки за штедење струја

Општините нема да добијат поддршка од Владата во справувањето со високите сметки за струја на училиштата, оваа зима оценуваат дел од градоначалниците во Полошкиот регион.

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами смета дека Владата политички гледа и на оваа ситуацијата и затоа не дава поддршка за предлогот за штедење на енергија. Со гостиварскиот градоначалник предложија реорганизирање на наставата во зимскиот период со цел штедење на електрична енергија и други ресурси за затоплување, но не добија позитивно мислење.

Воглавном општините се опозиционо ориентирани и Владата нема да ја прифати како одлука, како решение, но ние ќе продолжиме да постапиме во делот на реално штедење на електрична енергија односно мерки кои ќе ги превзмеме да реално се справиме со ситуцијата која може да не снајде во зимскиот период – изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Предлозите се распустот да трае повеќе или да има онлајн настава.

Зимскиот распуст за децата да трае два месеци-декември и јануари или јануари и феваруи, така да децата потоа преку лето да имаат пократок распуст и учебната година да трае до 30 јуни и потоа да почнат 15 август со новата учебна година. Или евентуално трите месеци декември, јануари и февруари да бидат онлајн. Ние сме горе-долу дигитализирани имаме добри искуства во време на пандемијата – изјави градоначалникот на Гостивар, Таравари.

Тетовскиот градоначалник вели дека колку што имаат законски можности како општина ќе дејствуваат да има помалку трошоци зимава.

Ќе превземеме и дополнителни мерки во делот на штедењето,на организирање на општинската администрација, во организација на спортски сали на сите ингеренции кои ние ги имаме како лојална власт за да се намали ова криза и учениците да ги имаат оптималните услови за следење на настава – вели Касами.

И полошките општини се согласуваат со опцијата училиштата и другите установи да не плаќааат ткн. индустриска струја туку како за домаќинствата.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста