Повиците за солидарност од страна на Хамас ширум светот предизвикува загриженост за безбедноста на Евреите

Повиците за солидарност од страна на Хамас ширум светот предизвикува загриженост за безбедноста на Евреите

Повиците на Хамас до Палестинците од дијаспората да покажат солидарност со нивната борба предизвикаа тревога во еврејските заедници ширум светот.

Некои еврејски активисти изразија загриженост за протестот во Сиетл за поддршка на правото на Палестинците на отпор. На флаерот на настанот се гледа падобранската единица – една од средствата со кои Хамас премина во Израел од Газа.

„Тие сакаат нашите луѓе да бидат мртви. Тие сакаат да не убијат“, вели еврејскa студентка.

„Страшно е, не се чувствувам безбедно. Мислам, можете да слушате што велат тие“, вели еврејскa студентка.

Неколку еврејски активисти се обидоа да ги предизвикаат учесниците на митингот.

„Дали би го осудиле Хамас како терористичка организација?

Ари Хофман, претседател на локална православна синагога, изјави за Гласот на Америка дека одлучил „да види колку е лоша ситуацијата за американските Евреи“.

„Гледам наоколу што се случува овде и размислувам за моите роднини кои не ја преживеале нацистичка Германија. Колку време не сфатија дека е време да излезат? Го гледам тоа наоколу во американскиот универзитет каде што буквално имате луѓе кои носат бои на терористи“, вели Ари Хофман, претседател на локална православна синагога.

Дел од учениците кои учествуваа на митингот беа со прекриени со маски. Други побараа да не се споделуваат нивните имиња.

„Го поддржуваме палестинскиот отпор и секогаш сме со нив и дојдовме да ја покажеме нашата поддршка – ова е нашата улога да им помогнеме да се ослободат“, палестински студент.

Баргути, една од организаторите на митингот, изјави за Гласот на Америка како гледа на нападите на Хамас.

„Минатата недела беше првпат жителите на Газа да можат да го видат остатокот од нивните палестински земји. Тие излегоа од затворот што им беше наметнат со 16-годишна воздушна, морска и копнена блокада од страна на израелските воени сили“, вели Бисан Баргути организаторка на палестинскиот протест во Сиетл.

Таа додаде дека собирот не е за Хамас, туку за борбата на Палестинците против долгогодишното угнетување.

„Не сум тука за да ги уверам ционистите или Израелците кои веруваат во бришењето и колонизацијата на Палестинците на палестинските територии“, додава Бисан Баргути.

Претседателот Џо Бајден на состанок во Белата куќа со лидерите на истакнати еврејски групи во САД, ја потврди нивната загриженост за безбедноста.

„Вие се грижите за децата кои можат да станат цел во училиште, и наместо да се занимаваат со нивниот секојдневен живот, да бидат повредени од минимизирањето на злосторствата на Хамас и обвинувањето на Израел. Ова е несовесно“, рече американскиот претседател Џо Бајден.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби рече дека администрацијата тесно соработува со државните и локалните власти за да ги идентификува и спречи потенцијалните закани во САД.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )