Петиција на Фејсбук за одземање на бугарски пасоши за оние кои ширеле говор на омраза кон Бугарија

Дали стратегијата за издавање илјадници бугарски пасоши на македонски граѓани и обидот за вештачко создавање на малцинство и се враќа на Софија како бумеранг?

На Фејсбук се појави онлајн-петиција на страницата „Бугари од Македонија“, во која се бара  одземање на бугарското државјанство на Македонци, кои што ширеле омраза за Бугарија.

Основач на групата е велешанецот Димче Јамандиев кој се декларира како бугарски државјанин. Тој за Алфа вели дека Бугарија нема проблем со тоа што сме Македонци, туку има проблем со тоа што како што вели, „не ја признаваме вистинската историја признаена во светот“.

Се одлучиле за онлајн петиција за да го опипаат пулсот, да виделе како јавноста ќе реагира, па потоа ќе оделе и институционално.

Самата петиција кажува која е целта. Не може многу луѓе на видни позиции со бугарско државјанство во исто време да бидат и дел од кампањата против македонските бугари…

Треба да се смират страстите од двете страни и некои работи ќе си дојдат сами по себе, а вистината за историјата ќе се покаже порано или подоцна. Иднината е во ЕУ. Срамота е во 21 век да зборуваме за омраза кон личности, само затоа што се чувствуваат поинаку.“,вели за Алфа Димче Јамандиев

Тие смислиле и стратегија како ситуацијата да ја свртат во своја полза.. сметаат дека , ако им се одземат бугарските пасоши на Македонците кои живеат и работат во ЕУ, тогаш, тие самите ќе ја принуделе својата власт да го смени тонот кон Бугарија, и многу бргу Бугарите ќе станеле дел од македонскиот  Устав.

Засега нема реакција од официална Софија на петицијата.. Бугарија до неодамна оперираше со бројката од  200.000 до 300.000 лица од Македонија кои поседуваат бугарски пасош , па врз основа на овие бројки повикуваше на почитувањето на правата на Бугарите во Македонија. Минатата година излегоа со официјална информација дека 86. 566 Македонци во последните 15 години извадиле бугарски пасош, бројка која е многу помала од онаа за која бугарските власти и медиуми шпекулираа. Шлаканица за бројката што ја сподели  Министерство за правда на Бугарија , дојде истата година со пописот што се одржа во Македонија.  На статистичката операција во март минатата година, само 3504 лица се изјасниле дека се чуствуваат како Бугари, или во проценти,  само 0,19 отсто од вкупното резидентно население во земјава.

Уште помалку од нив, или, едвај  762 лица го зборуваат бугарскиот јазик дома.  

За последните парламентарни избори што се одржаа во Бугарија, во октомври лани, на македонска територија гласаа само 181 бугарски државјанин.

Инаку процесот на издавање бугарски пасоши на македонски државјани зажиевеа со  влезот на Бугарија во Европската Унија во 2007 мата година, кога македонските граѓани го видоа единствениот излез за живот и работа во Европа преку поседување на овој документ.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста