Пендиков повторно не се појави на судење, обвинетиот не чуствува вина

Судот не може да го најде, адвокатот тврди дека не му е добра здраствената состојба. Судењето за Христијан Пендиков, почна ама без тепаниот да се појави во судница.

Не се чуствувам виновен – тврдеше пред судот Илија Спасески кој е обвинет за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

  • „Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен“, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид.

Бидејќи натепаниот повторно не се појави на судење, судијата кој го води предметот, Бојан Мартиноски, ги ослободи повиканите сведоци од рочиштето, а присутните ја гледаа видео снимката на која според обвинителството се гледа како обвинетиот го тепа Пендиков.

  • „На прикажаната снимка се гледа едно машко лице кое личи на обвинетиот Илија Спасески и застанува пред едно лице кое личи на оштетениот Христијан Пендиков. Лицето кое личи на Спасески замавнува со десната рака во висина на лицето. Истото лице му задава уште еден удар во пределот на грбот кај вратот“, образложи обвинителката.

Иако судот уредно го поканил оштетениот, тој не одговорил. Бранителот го оправда отсуството на Пендиков, наводно прави дополнителни проверки за некакви здравствени проблеми.

  • „На снимката се гледаат како две лица тепаат едно лице, кои се лицата треба да се утврди, впрочем за тоа е постапката да се утврди кои лица го претепале Пендиков и без сензации ве молам, истрагата ќе покаже што се гледа на снимката, кој кого тепал“ вели Стефан Камишевски-адвокат на Пендиков.

Одбраната децидна дека оштетениот неколкју пати ги менувал исказите за тоа кој го нападнал, а ниту презентираниот видео запис не потврдува дека Спасески го повредил оштетениот.

  • Тој тврди дека бил удиран со нозе, но тука се гледа дека е удрен еднаш со нога. При немање доказ врз основа на кој може да се утврди идентитетот на другите две лица, судот не треба да го прифати наводот на обвинителот дека напаѓачот е лице кое личи на Илија Спасески“ – рече адвокатот на обвинетиот Димитар Цобоски.

„Не ти е срам да се пишуваш Бугарин“ биле зборовите кои наводно ја предизвикале тепачката, што се случи на 19 јануари, а кои во обвинението се декларираат како навреди по национална основа во кафеана.

Охридското обвинителството поднесе обвинение против Спасески, инаку наставник по професија, а уште еден учесник во тепачката и сведокот кој гледал, не се достапани за органите на прогонот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста